РАБОТЕЊЕ
Шмирглање
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте
го алатот кога е во контакт со работниот
материјал, во спротивно може да дојде до
повреда на операторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не пуштајте го алатот
без абразивниот диск. Можете сериозно да ја
оштетите подлогата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не форсирајте го
алатот. Претераниот притисок може да ја намали
ефикасноста за шмирглање, да го оштети
абразивниот диск или да го скрати животниот век
на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Со користење на алатот кога
работ на подлогата е во допир со работниот
материјал, може да се оштети подлогата.
► Сл.5
Цврсто држете го алатот. Вклучете го алатот и
почекајте додека не достигне целосна брзина.
Потоа нежно ставете го алатот на површината на
материјалот. Подлогата нека биде израмнета со
материјалот и применете мал притисок врз алатот.
НАПОМЕНА: Подлогата за шмирглање ротира
надесно кога работи со оптоварување, но
може да ротира и налево кога работи без
оптоварување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, проверките и замената на
јаглеродните четки, како и сите други одржувања
и дотерувања треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita или во фабрички
сервисни центри, секогаш со резервни делови од
Makita.
20 МАКЕДОНСКИ